Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

10.02.2014 По вчерашните инциденти пред и за време на ракометниот натпревар “Вардар“-“Динамо Минск“
Кривично пријавени седум лица, а издадени и 14 платни налози за глоба за инволвирани “навивачи“

Во врска со вчерашните (09.02.) настани, пред и за време на меѓународниот ракометен натпревар помеѓу РК „Вардар“ од Скопје и РК „Динамо Минск“ од Белорусија, беа преземени мерки и активности за расчистување на инцидентите при што во настанот  пред почетокот на натпреварот кога  на бул.„Александар Македонски“ имаше нарушување на ЈРМ во автобус бр.2, СВР Скопје ги идентификуваше и поднесе кривична пријава против вкупно седум лица и тоа: Д. Т. (18), Г.К. (18), Б. М. (17), Д.Т. (15), Н.С. (16), С.Т. (16) и А.Б. (16), за извршено кривично дело – “насилство“ по чл.386 од КЗ на РМ. Покрај ова за лицето А.Б. му е издаден и платен налог по чл.80/7 од Закон за оружје, бидејќи кај него е пронајден еден железен боксирач.

Истовремено, а во врска со нарушувањето на ЈРМ кое се случи за време на самиот натпревар во СЦ „Борис Трајковски“, на седум лица им се издадени платни налози и тоа: на лицата Г.Н. (36), Н.П.  (24), Х.К. (25), К.Н. (17) и Б.Ѓ. (18) - по два платни налози за сторени прекршоци по чл. 3 ст. 1 т. 4 од Закон за спречување насилство и недостојно однесување на спортски натпревари и по чл.13 ст.2 од ЗППЈРМ, на П.Д. (19) - еден платен налог за сторен прекршок по чл.3 ст.1 т.4 од Закон за спречување насилство и недостојно однесување на спортски натпревари и на лицето М.К. (27) - два платни налози за сторени прекршоци по чл. 6 и чл. 13 ст. 2 од ЗППЈРМ.

 

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk