Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

06.03.2014 Извештај од областа на управно надзорните работи за 2013 година
Лани само во делот на лични документ издадени се 155.444 лични карти, 208.509 патни исправи

Во областа на управно - надзорните работи активностите се одвиваа во насока на стручно, ажурно и благовремено водење на управните постапки и за овозможување максимално остварување на правата на граѓаните.

Во согласност со заложбите на Владата за реформа во јавната администрација и подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните, реализирани се повеќе проекти меѓу кои „Таен клиент“, „Нема погрешна врата“, „Граѓанинот пред сè“, „Едношалтерски систем“, „Оценете ја администрацијата - семафор“, „Регулаторна гилотина-IV“, „Барометар на квалитет“, „Документ-менаџмент систем“ и други.

Во 2013 година, издадени се вкупно 155.444 лични карти, од кои 109.377 се лични карти на македонски јазик (ТИП-А), додека 46.067 се двојазични лични карти (ТИП-Б). Лани за првпат лична карта извадиле 35.978 лица, а 103.552 биле заменети по разни основи. Во матичните книги определени се вкупно 39.322 нови матични броеви, а донесени се вкупно 815 решенија со кои се поништува погрешно определен матичен број, додека донесени се 3.312 решенија за промена на личното име.

Минатата година издадени се 208.509 (273.393) патни исправи  што е 24% помалку во однос на 2012 година. На барање на надлежните судови се издадени 40(78) патни исправи со одреден рок на важење, а поради изречени судски забрани за издавање на патни исправи, односно нивно одземање, донесени се 2.413(2.439) решенија со кои се одбиени барања за издавање на патни исправи, а на 1.090(948) лица им се одземени пасошите.

Во дипломатско - конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, обработени се вкупно 2.071 (2.840) поднесено барање за патни исправи, од кои вкупно се издадени 2.071 патна исправа и тоа, во САД - Њујорк, Чикаго и Детроит се издадени 643 патни исправи , во Австралија - Канбера и Мелбурн - 277 патни исправи и во Германија- Бон, Берлин и Минхен-446 исправа.

Во делот на постапките за стекнување и отпуст на македонско државјанство е постапувано по 1.654 (1.350) барања за стекнување на државјанство на Р.Македонија и 1.096 (1.044) барања за отпуст од македонско државјанство. Притоа, донесени се 2.608 (2.352) решенија, од кои 2.368(2.130) се позитивни, а 240 (222) негативни. Од вкупниот број позитивни решенија, 1.157(1.073) се за прием во државјанство, 154(120) решенија за утврдување државјански статус, а 1.057 (937) за отпуст од државјанство на РМ. Наедно издадени се и 85.581 уверенија за државјанство.

Во текот на 2013 година поднесени се вкупно 4.799(4.141) барања за издавање на одобренија за набавување на оружје, од кои се издадени 2.266(2.304) одобренија, 1.065 барања се одбиени, а останатите 1.468 барање, сево постапка на одлучување. Регистрирани се вкупно 6.871 парчиња оружје, од кои 2.576 се ново регистрирани, а 4.295 се пререгистрирани парчиња оружје.

Во областа на сообраќајот, лани во Р.Македонија биле регистрирани вкупно 415.392 возила, при што, за првпат се регистрирани 44.349 нови и половно -увезени возила, регистрацијата е продолжена на 369.505 возила. Исто така, издадени се 21.345 нови возачки дозволи, на лица кои за прв пат полагале возачки испит, потоа важноста е продолжена на 71.636 дозволи, а издадени се и 6.656 дупликати.

*податоците во заградите се однесуваат на 2012 година

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk