Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

29.06.2014 Одделение за превенција при СВР Скопје
Стартува превентивната кампања - “Лето без пожари“

Од утре (30.06.), со почеток во 11 часот, на клучка пред паркот во општина Сопиште, Одделението за превенција при СВР Скопје ќе  започне со превентивни активности за реализација на  проектот „Лето без пожари“.

Активностите ќе се реализираат во соработка со локалната самоуправа, ЈП Јасен, Шумска полиција и Противпожарно друштво од O.Сопиште.Формираните тимови заедно со УПС од Мобилната ПСОН К.Вода, ќе преземаат превентивни мерки и активности со цел спречување на појава на пожари во летниот период. Основна цел на проектот е заштита и зачувување на зелените шумски и останати површини од пожари во непосредна близина на патиштата, како и  зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.

Активностите ќе се реализираат на тој начин што полициски службеници ќе остваруваат контакти со граѓаните во соработка со локалната заедница. На локалните и регионалните патишта по случаен избор ќе сопираат патнички моторни возила и на возачите ќе им укажуваат за ризиците од појава на пожар и штетите од евентуалната појава на истиот.

По краткото укажување за целта на кампањата на возачите ќе им се подели пропаганде материјал ќе им се посака безбедно и пријатно патување. Исто така  полициските службеници за превенција на возачите на патничките моторни возила ќе им подарат освежувачи за воздух со логото на проектот како гест за градење на доверба помеѓу полицијата и возачите на ПМВ.

Активностите ќе продолжат во текот на летниот временски  период на локации на излезите на магистралните и регионалните патишта, како места со голема фрекфенција на возила и луѓе, а со самото тоа со зголемен ризик од предизвикување на пожари, но и големи можности за постигнување  на планираните резултати.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk