Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

21.08.2014
Започна спроведувањето на теренско-тактичка обука на новите кандидати за полициски службеници

Денес (21.08.) во Центарот за обука во Идризово, министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска присуствуваше на спроведувањето на Полициско теренско-тактичка обука (логорување) на новите кандидати за полициски службеници. На 15.01.2014 година започна  основната обука за кандидат за полициски службеник. Од 440 кандидати кои ја започнаа обуката моментално обуката ја посетуваат 438, еден кандидат на сопствено барање ја прекина обуката, а на еден кандидат му беше прекинат договорот по основ на неисполнети резултати, останатите кандидати успечно го завршија првиот модул “Заштита на јавен ред и мир”.

Моментално во фаза на спроведување е и Вториот модул од основната обука “Заштита на животот и имотот” во чии рамки се одржа и денешната полициско теренско- тактичка обука која се состои од користење на техничка опрема за надзор на државната граница и движење по GPS, укажување на Прва помош при задес и незгода, картографија со топографија, воспоставување на логорски камп, строева обука со формациско вооружување, начини на движење и совладување на отворен простор, блокада, рација, преглед и претрес на лице, воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем, заседа,  преглед и претрес на терен, справување со недозволено преминување на државната граница и кондиционен марш.

Во овој модул се веќе завршени тестирањата  по Одбрамбени техники и Ракување со оружје и гаѓање, а на почетокот од месец септември треба да се спроведат Тестот на знаење и Тестот по англиски јазик.

По завршување на вториот модул предвидено е кандидатите за полициски службеници да го започнат и третиот, последен модул во кој се предвидени активности од областа на сообраќајот и гранично полициско работење ( Граничен надзор и Гранична контрола).

Како што нагласи министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска во првото полугодие на 2014 година, регистрирани се 30 кривични дела „криумчарење мигранти“, за што пријавени се 46 сторители. Прокриумчарени се вкупно 203 мигранти (по потекло од Сирија-80, Авганистан-63, Сомалија-25, Еритреја-19, Коморе-4, Бангладеш-3, Палестина и Брегот на Слонова коска - 2, и по 1 од Конго, Албанија, Пакистан, Гамбија).

 

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk