Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

22.09.2014
Крводарителна акција во ПО Маврово

Во Полициското одделение Маврово, деновиве беше организирана втората крводарителска акција годинава. Во акцијата вкупно собрани се 9 единици крв или заедно со претходната акција - 22 единици од течноста која живот значи. И во оваа акција вработените од мавровското Одделение, меѓу кои и командирот Павле Трпевски, на најубав начин ја искажаа својата хуманост и несебичност и на дело потврдија дека се целосно подготвени да им помогнат на оние на кои им е потребна ваква помош. Инаку, командирот Трпевски со 27 дарувања досега во организирани крводарителски акции или на повик, најави дека и наредните акции ќе бидат успешно спроведени и дека ќе се соберат нови единици крв.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk