Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

21.02.2015 - СВР Скопје
Одреден 30-дневен притвор на уличен дилер на хероин од Скопје

СВР Скопје - Единица за недозволена трговија со дрога, поднесе  кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против Ф. Џ.  (48) од Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Од страна на  судија на  претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 денови.

Имено пријавениот, од засега непознато лице набавил поголема количина на хероин, кој го препакувал и чувал во својот дом при што истиот ја продавал дрогата на зависници и овозможувал на дел од нив да ја користат во неговиот дом.

Со Наредба од судија на претходна постапка е извршен претрес во неговиот дом,  при што се пронајдени 7,45 грама хероин спакуван во четири полиетиленски паковки, 19,40 грама мешавина од парацетамол и кафетин и 14,66 грама лактоза, кои се мешаат со хероинот.

На пријавениот, и претходно му била  поднесена кривична пријава за недозволена трговија со синтетички дроги, а истиот е трипати кривично пријавуван за прикривање на предмети кои потекнуваат од кривични дела.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk