Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

11.04.2015 Вечерва поради чествувањето на Великден
Забрана за сообраќај за улиците околу Соборниот храм “Свети Климент Охридски“

По повод вечерашното чествување на Великден (11/12/04), односно одржувањето на централниот настан во соборниот храм “Свети Климент Охридски“ во Скопје, ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим во периодот од 18,00 часот до 06,00 часот (на 12.04.).

Имено, за сообраќај ќе бидат затворени следните делници околу Соборниот храм: потег на булеварот Партизански одреди од улицата “Рузвелтова“ и до булеварот “ВМРО“, булеварот Илинден и булеварот “Гоце Делчев“, потоа делот од булеварот “Свети Климент Охридски“ меѓу улиците “Орце Николов“, “Димитрие Чуповски“ и булеварот “Илинден“. Исто така забрана за сообраќај ќе има на делниците меѓу улиците “Иван Милутиновиќ“ и “Костурски Херои“, ул. “Борка Талески“ - ул. “Аминта Трети“, како и ул “Аминта Трети“-“Орце Николов“, “Аминта Трети“ - ул.“Митрополит Теодосиј Гологанов“, и улиците “Васил Главинов“-“Димитрие Чуповски“.

Покрај ова мотопатролни служби и полициски службеници на СВР Скопје ќе бидат распоредени и околу другите храмови на МПЦ на подрачјето на Скопје каде што ќе се одржува Великденското чествување и зависно од потребите сообраќајот ќе се пренасочува и околу нив.      

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk